Достапни линкови

logo-print

Напумпан буџет за нови задолжувања


Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов.

Предлог буџетот за 2012-та година е заснован на нереални проекции и во иднина ќе креира нови задолжувања, забележува опозицијата.

Анализите на СДСМ покажуваат дека нема да се остварат планираните приходи зашто стопанството и граѓаните нама да може да го полнат буџетот па владата многу бргу ќе мора да бара спас со тоа што ќе направи ребаланс за да ги скрати расходите.
Ние сметаме дека буџетот за 2012 година е всушност една нереална фикција која Владата сака на граѓаните да им ја престави како надеж за подобро утре.

„Ние сметаме дека буџетот за 2012 година е всушност една нереална фикција која Владата сака на граѓаните да им ја престави како надеж за подобро утре. Владата веќе има проблеми со исплатата на обврските и кон компаниите, но и кон социјално ранливите категории на граѓани. Во иднина само ќе се зголемуваат проблемите“, вели Марјанчо Николов од СДСМ.

На овие согледувања се прави заклучок дека владата треба да ја намали проекцијата за раст на економијата од 4,5 на 2,5 проценти. Тоа го тврди не само СДСМ, туку и гувернерот на НБРМ и Меѓународните финансиски институции, коментира Марјанчо Николов.

Вината за тоа што буџетот ќе остане само на харатија, како што посочува Горан Мисовски од НСДП, е во намалената економска активност.
Предлогот на Владата е заснован на реални показатели на движењата, впрочем не случајно економските текови во текот на годината се гледаат и со оглед на нив и реакциите се соодветни.

„Се билда приходната страна за да може да се вети многу повеќе или практично она што граѓаните сакаат да го слушнат. “

Несогласувања има и околу проктираните инвестции што треба да се реализираат наредната година. Владата продолжува да се залага за изградба на споменици, а треба да се оринтира кон инфраструктурни и енергетски проекти вели Мисовски.

За Предлог буџетот беа поднесени 414 амандмани, од кои во комисиската расправа во Собранието се прифатени три. Ова е трета година по ред да не се прифати ниту еден амандман на опозицијата.

Спротивно од тврдењата на опозицијата, владата наведува дека предвидува со новиот буџет значителни инвестициски вложувања во патната и железничкатa инфраструктура, енергетски и комунални инфраструктурни проекти, како и инвестиции за подобрување на условите во образованието, социјалниот и здравствениост систем и во земјоделството, заштитата на животната средина и правосудството. Проектиран раст на економијата од 4,5 отсто се планира да биде поддржан од инвестиции, вклучувајќи ги и капиталните вложувања чие зголемување според владата е 29 отсто. Исто така се предвидува потрошувачката да биде стабилна, но на повисоко ниво во однос на 2009 и 2010 година.

„Предлогот на Владата е заснован на реални показатели на движењата, впрочем не случајно економските текови во текот на годината се гледаат и со оглед на нив и реакциите се соодветни“, изјави Талат Џафери од ДУИ.

Претресот по предложениот текст ќе трае во наредните пет дена.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG