Достапни линкови

logo-print

Беким Мурати е нов градоначалник на Сарај


ДИК - Архива

ДИК - Архива

Нов градоначалник на општина Сарај е Беким Мурати, кандидат на владејачката ДУИ.
Тој на вчерашните предвремени локални избори во оваа скопска општина, според првичните податоци од Државната изборна комисија, освои 6.982 гласа, осносно 64,1 отсто од излезените гласачи.
Неговиот противкандидат Џевџет Фејзула од опозициската ДПА освои 3.906 гласови или 35,8 отсто од гласачите.
Право на глас на изборите имаа 29.230 избирачи, Вонредните избори се одржаа поради испразнетото градоначалничко место откако градоначалникот Блерим Беџети стана министер за правда.
XS
SM
MD
LG