Достапни линкови

Mалцинствата во Албанија ќе се жалат во Стразбур


Мала Преспа - Албанија

Мала Преспа - Албанија

Во Корча се оддржа тркалезна маса на која учествуваа претставници на малцинствата во Албанија, во врска со последната одлука на Уставниот суд на Албанија, со која се укинува правото на запишување на националноста и, според нив, неуспешниот попис на населението.
На средбата присуствуваа претставници на Македонците, Власите, Грците, Ромите и Египќаните, кои уште еднаш пописот го оценија како неуспешен, затоа што поголемиот процент од нив го бојкотираа поради неможноста слободно да ја искажат својата етничка припадност, јави МИА од Тирана.
Претседателот на Македонска алијанса за еврпска интеграција, Едмонд Темелко, го нагласил дискриминаторскиот однос на албанските власти во пописот, а сега и со скратување на можноста етничката припадност слободно да ја искажат и оние кои живеат во подрачја каде им се признава статус на малциснтво.
Околу неуспешниот попис и новата неправда врз малцинствата остро реагирал и Вангел Дуле, од Партијата за човекови права (партија на грчкото малцинство), искажувајќи незадоволство од албанските власти и од меѓународните претставици во Тирана, кои, како што рекол, останел глуви на апелите на малцинствата за дијалог, соработка и комуникација.
Претставниците на малциствата се договорија правдата да ја бараат во Стразбур.
Уставниот суд на Албанија, деновиве оцени дека е неуставно во матичната евиденција да стои националност
XS
SM
MD
LG