Достапни линкови

Јужна Кореја повика на смиреност по смртта на лидерот на Северна Кореја


Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ил

Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ил

По веста за смртта на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ил, претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг-бак повика на смиреност и побара од жителите на Јужна Кореја да продолжат со секојдневен живот.
Медиумите од Јужна Кореја претходно јавија дека војската во земјата е ставена во состојба на готовност по веста за смртта на Ким Џонг Ил.

Белата куќа во Вашингтон соопшти дека ги следат настаните и дека САД и понатаму остануваат посветени на стабилноста на Корејскиот полуостров

Севернокорејстата државната телевизија објави дека погребот на Ким Џонг-Ил ќе се одржи во Пјонгјанг на 28 декември.
XS
SM
MD
LG