Достапни линкови

САД и ЕУ - Белорусија да ги ослободи политичките затвореници


Опозицијата бара ослободување на политичките затвореници.

Опозицијата бара ослободување на политичките затвореници.

Соединетите Американски Држави и Европската унија ја повика Белорусија да ги ослободи и рехабилитира сите политички затвореници. Тие изразија загриженост
за влошување на правата на луѓето една година по пост-изборните протести во земјата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, изразија загриженост во врска со извештаите за понижувачкиот и нехуман третман со политичките затвореници. Во соопштението од Клинтон и Ештон се наведува дека подобрувањето на односите на САД и ЕУ со Белорусија е условено со тоа земјата да ги почитува основните човекови права, владеењето на правото и демократските принципи.
XS
SM
MD
LG