Достапни линкови

Русија ја одби кандидатурата на ултра радикалот Лимонов


Радикалниот опозициски политичар Едуард Лимонов

Радикалниот опозициски политичар Едуард Лимонов

Изборната комисија во Русија ја отфрли кандидатурата за претседателските избори на радикалниот опозициски политичар Едуард Лимонов .Тој на својата интернет страница, го осуди отфрлувањето на неговата кандидатура и тоа го нарече „политички криминал.“
Лимонов, чие вистинско име е Едуард Савенко има и француско државјанство со кое се стекнал додека бил во егзил во Франција во осумдесетите години на минатиот век. По распадот на Советскиот Сојуз во 1991-та, тој се вратил во Русија и ја основал ултра-националистичката Национална Болшевичка партија, која беше забранета во 2007-та година.
XS
SM
MD
LG