Достапни линкови

logo-print

30 илјади исламисти протестираат против САД во Пакистан


Во знак на протест против убиството на војниците, Пакистан ги затвори граничните премини со Авганистан преку кои се снабдуваат странските војници.

Во знак на протест против убиството на војниците, Пакистан ги затвори граничните премини со Авганистан преку кои се снабдуваат странските војници.

Околу 30 илјади исламисти протестираат против САД во пакистанскиот град Лахоре, откако во воздушни напади на НАТО минатиот месец беа убиени 24 пакистански војници. Протестот го организира организацијата Џамат-уд-Дава, за која се верува дека е поврзана со забранетата милитантна организација Лашкар-е-Таиба.

САД и НАТО се извинија за нападите од 26 ноември во кои загинаа пакистанските војници. Нападот ги затегна американско-пакистанските односи.
XS
SM
MD
LG