Достапни линкови

Европа тагува по смртта на Хавел


Вацлав Хавел.

Вацлав Хавел.

Сочуство за смртта на поранешниот претседател на Чешка Вацлав Хавел пристигнува од целаиот свет.

Американскиот претседател Барак Обама соопшти дека мирниот отпор на Хавел „ги потресе темелите на империјата, ги изложи празнините на репресивната идеологија и докажа дека моралното водство е помоќно од кое било оружје“.

Обама додаде дека Хавел „инспирирал генерации да се борат за самоопределување и достоинство во сите делови на светот“.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека нејзината земја жали за загубата на „големиот Европјанец“. Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле, пак, изјави дека Хавел е „душата на чешката револуција“ и „Пионер на европското реобединување“.

Австрискиот претседател Хајнц Фишер го нареше Хавел „големиот Европјанец, писател и хуманист“. Министерот за надворешни работи Михаел Шпинделегер, пак, изјави дека Хавел бил „исклучителна фигура и неподмитлив интелектуалец“.

Претседателот на Европскиот парламент Јежи Бузек едноставно вели дека „Вацлав Хавел беше и ќе остане херој“.

Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт на својот твитер профил напиша дека Хавел беше „еден од најголемите Европјани на нашето време“.

Поранешниот полски претседател Лех Валенса, кој на сличен начин како Хавел дојде на претседателската позиција, изјави дека Хавел треба да добие Нобелова награда.
XS
SM
MD
LG