Достапни линкови

logo-print

Барселона светски клупски првак


Архивска фотографија: Фудбалерите на Барселона ја прославуваат титулата во Лигата на шампиони фрлајќи го во воздух тренерот Јосеп Гвардиола на 28 март 2011 година на стадионот Вембли во Лондон.

Архивска фотографија: Фудбалерите на Барселона ја прославуваат титулата во Лигата на шампиони фрлајќи го во воздух тренерот Јосеп Гвардиола на 28 март 2011 година на стадионот Вембли во Лондон.

Фудбалерите на Барселона, покрај титулата европски шампион, од денеска се и светски клупски прваци откако во финалето на Светското клупско првенство во Јокохама го совладаа шампионот на Јужна Америка и бразилски шампион Сантош со 4:0(3:0).

Головите за „каталонците“ ги постигнаа Лионел Меси во 17 и во 82 минута, Чави во 24 минута и Цеск Фабрегас во 45 минута. За најдобар играч е прогласен Лионел Меси, стрелецот на два гола во финалето.

За Барселона ова е втор торфеј во ова натпреварување, откако триумфираше и во 2009 година.
XS
SM
MD
LG