Достапни линкови

Неделен печат - Лустрациски локумчиња и буџетски (не)дупки


Лустрацијата, проекциите за буџетот, Хашката пресуда, посетата на ММФ на земјава - дел од темите во неделниците.

Фокус-лустрацијата ново „локумче“ за јавноста

„Фрчкоски продолжил таму каде што застанал таткото на Сашо Мијалков?“ - ова е насловот на едиторијалот во најновиот Фокус посветен на новото „локумче“ наменето на јавноста, лустрацијата на професорот Љубомир Фрчкоски, поранешен министер за внатрешни во една од владите на Црвенковски. Авторот потсетува на изјавата на Фрчкоски, кој не дозволи јавноста да живее во незнаење, па си даде интервју во кое изјави дека тој не направил ништо поразлично од неговите претходници и дека на предлог од подредените само ја продолжил работата на претходникот.
Љубомир Фрчковски- не направив ништо поразлично од моите претходници

Љубомир Фрчковски- не направив ништо поразлично од моите претходници


Фрчкоски, без да спомнува имиња, го впери прстот кон таткото на Сашо Мијалков, сега покојниот Јордан, кој всушност е неговиот претходник во моќната министерска фотелја, инаку икона на преродбениците, пишува Фокус. Дали и тој носел одлуки кои денес би го ставиле на лустрациската клупа? - продолжува со прашање неделникот, за да заклучи дека лустрацијата има смисла доколку нацијата нема ниту ронка сомнеж во гревот на лустрираните.
Фрчкоски, без да спомнува имиња, го впери прстот кон таткото на Сашо Мијалков, сега покојниот Јордан, кој всушност е неговиот претходник во моќната министерска фотелја, инаку икона на преродбениците.

Таа е целосно бесмислена доколку половината народ гледа жртва во лустрираната личност, како што е тоа случај со Фрчкоски, па и со претходниот „капиталец“ режисерот Милчин.

Освен тоа, со уште една лицемерна операција власта треба да не оддалечи од потрагата по одговори на многу прашања. На пример, како ја ефектуиравме Хашката пресуда и зошто сега, по неа, не' снема од извештаите на НАТО и на ЕУ? Или зошто мисијата на ММФ при последната посета испрати неколку непријатни пораки за економското работење на власта. Гледате колку придобивки им носи лустрацијата на Груевци. Како можат да го жртвуваат тоа заради честа на некои „одамна докажани непријатели на народот ем државата? - со цинично прашање заклучува Фокус.

Глобус - „Тази дупка не е дупка“

Буџетот, секогаш актуелна тема со оваа власт поради контроверзите, е предмет на анализата во он-лајн изданието на Глобус. Насловот е земен од еден стар виц од времето на владеењето на Тодор Живков во Бугарија - „Тази дупка не е дупка“, за веднаш на почетокот да се забележи дека македонскиот Парламент е во ситуација да усвојува документ со голема фалинка: неговите параметри се правени на скок на БДП од 4,5 отсто, а прашање е дали ќе имаме скок и дали тој ќе биде и 2 отсто! Дотолку повеќе што и гуверенерот на Народна банка, Димитар Богов, кој се смета за човек на владејачката гарнитура и Светска банка излегоа со многу помали бројки за тој раст. Анализата го дава следново објаснување: власта знае дека претерува, но ја крева лествицата погоре за да може да ги крои месечните трошења, односно да граба од државната каса многу повеќе отколку што е тоа нормално, во поглед на нејзиното полнење. Или со други зборови, треба да се оправда нивото на јавна потрошувачка која ќе го има со новите заеми однадвор, што треба да дојдат од две странски банки, објаснува Глобус.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG