Достапни линкови

Парк на езерата за еден милион евра во Аеродром


Премиерот Никола Груевски го означува почетокот на изградба на воден парк во општина Аеродром.

Премиерот Никола Груевски го означува почетокот на изградба на воден парк во општина Аеродром.

Парк на езерата денеска почна да се гради во Општина Аеродром кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар. Водениот парк, во кој општината инвестира 60 милиони денари, односно околу еден милион евра, ќе се простира на површина од околу 11.000 метри квадратни, од кои 1.800 метри квадратни водена површина со четири езерца.

Почетокот на градежните работи го означија премиерот Никола Груевски и градоначалниците на Скопје и на Аеродром Коце Трајановски и Ивица Коневски

Паркот треба да биде готов за четири месеци. Изведувач на работите е градежната компанија „Конструктор“ од Скопје.
XS
SM
MD
LG