Достапни линкови

Русија ќе експлоатира нафта во Иран и покрај санкциите


Илустрација: Нафтено наоѓалиште.

Илустрација: Нафтено наоѓалиште.

Руската компанија Татнеф и иранската влада денеска потишале прелиминарен договор вреден една милијарда долари за развој на нафтеното поли Загех, соопшти иранската државна телевизија.

Денешниот договор доаѓа во време кога САД повикуваат на продлабочување на санкциите кон Иран поради неговата нуклеарна програма.

Нафтеното поле Загех се наоѓа на брегот на Персискиот Залив во Јужен Иран и се проценува дека таму има околу 3 милијарди барели нафта. Иранскиот министер за нафта изјави дека со договорот се предвидува од полето да се експлоатираат по 55 илјади барели нафта дневно во рок од 5 години.

Според иранската државна телевизија, конечниот договор треба да се потпишан за 3 месеци.

Русија ги отфрли американските барања за нови санкции против Иран, залагајќи се за дипломатско решение за излез од ќор-сокакот.
XS
SM
MD
LG