Достапни линкови

logo-print

Најмалку 18 повредени во напад во Авганистан


Американски војници во провинцијата Хост.

Американски војници во провинцијата Хост.

Најмалку 18 луѓе се повредени кога еден човек фрлил најмалку две рачни бомби кон полициско возило, на преполн пазар во градот Хост во источен Авганистан. Полицијата соопштува дека потоа напаѓачот избегал. Нападите со рачни бомби се невообичаени во Авганистан, но во последниве 48 часа, полицијата два пати е мета на ваков напад. Провинцијата Хост на границата со Пакистан е упориште на милитантната организација Хакани која е поврзана со талибанците.
XS
SM
MD
LG