Достапни линкови

Почина Вацлав Хавел


Поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.

Поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел.

Почина поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел на 75-годишна возраст. Од неговиот кабинет соопштуваат дека Хавел починал изутрината по долго боледување во неговата викендничка во селото Храдечек во северна Боемија.

Светски познатиот драмски писател ја предводеше Кадифената револуција во која беше соборен комунизмот во Чехословачка во 1989 година, по што стана првиот демократски избран и воедно последен претседател на Чехословачка, од 1989 до 1992.

По распадот на државата, тој стана прв претседател на Чешката Република. Функцијата ја извршуваше во два мандати од 1993 до 2003 година.
XS
SM
MD
LG