Достапни линкови

Русија не ги прифаќа критиките од САД за изборите


Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев

Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека одбива да ги слушне критиките од САД за наводна измама на изборите.

„Бев принуден во телефонски разговор да му кажам на претседателот на САД Барак Обама дека неговата оценка за нашите избори нема никакво значење за нас.“
САД ги оцени изборите во Русија како нефер.

И денеска во центарот на Москва демонстрантите бараа повторување на изборите кои се одржаа на 4-ти декември. И пред една недела на протести низ целата земја, илјадници луѓе го побараа истото.
Се очекува новата Дума да ја одржи првата седница во новиот состав во среда, 21-ви декември.
XS
SM
MD
LG