Достапни линкови

НАТО ја заврши тренинг-мисијата во Ирак


НАТО денеска ја заврши својата тренинг-мисија во Ирак. Мисијата завршува, откако пропадна договорот за продолжување зашто Багдад не сакаше да им гарантира имунитет од гонење на странските војници. Тренинг-мисијата на НАТО имаше за цел да помогне во развојот на ирачките безбедносни сили. Во мисијата учествуваа 120 војници од 12 земји. Тие треба да ја напуштат земјата до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG