Достапни линкови

Црна Гора примена во СТО


Црна Гора, на министерска конференција во Женева, денеска е примена за полноправна членка на Светската трговска организација

Договорот за пристапување го потпишаа генералниот директор на СТО Паскал Лами и премиерот Игор Лукшиќ, со што Црна Гора стана 156 членка на глобалниот економски систем, што покрива 97 отсто од светската трговија.

Од владата на Црна Гора соопштија дека членството во СТО е еден од главните надворешно-политички приоритети на Црна Гора.

Црна Гора своето барање за членство во СТО го поднесе во 2004 година.
XS
SM
MD
LG