Достапни линкови

Панета вети помош за Либија


Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета

Либиската преодна влада треба да ги обедини сите групи во земјата а САД ќе обезбедат помош за Либијците ако е потребно, изјави американскиот секретар за одбрана Леон Панета при посетата на Либија. Тој е првиот шеф на Пентагон кој ја посетил земјата. Панета се сретна со либискиот министер за одбрана Абд ал Тахем ал Кеб.

Посетата на Панета доаѓа откако вчера ОН, САД и Британија ги укинаа санкциите против Либија. Одмрзнати се сметките на Централната Банка на Либија, со што се ослободени средствата за обнова на земјата по паѓањето на режимот на Моамер Гадафи.
XS
SM
MD
LG