Достапни линкови

Назарбаев прогласи вонредна состојба во градот Жанаозен


Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев денеска прогласил вонредна состојба во градот Жанаозен, откако вчера во судирите меѓу полицијата и работниците кои протестираа, загинале најмалку 11 луѓе. Според декретот на Назарбаев, вонредната состојба ќе трае до 5-ти јануари со цел да биде вратен редот и мирот и да им биде гарантирана безбедноста на граѓаните.

Стотици работници во нафтената индустрија во тој касписки град со месеци протестираат со барања за подобри услови за работа и поголеми плати.

Министерот за внатрешни работи на Казахстан, кој денеска пристигнал во Жанаозен, изјави дека ситуацијата е под контрола и оти биле уапсени околу 70 лица, а 75 биле превезени во болница, меѓу кои и 6-мина полицајци.
XS
SM
MD
LG