Достапни линкови

logo-print

Казахстански воени сили ги смируваат тензиите во западниот регион


Жанаозен, 16.12.11

Жанаозен, 16.12.11

Казахстанските власти испратиле трупи во западниот град Жанаозен со цел да го вратат редот и мирот по насилствата меѓу нафтените работници кои протестираат и владините сили. Вчера во нередите загинаа најмалку 10 луѓе. Стотици работници со месеци протестираат во градот со барања за подобри услови за работа и поголеми плати.

Министерот за внатрешни работи на Казахстан, кој денеска пристигнал во Жанаозен, изјави дека ситуацијата е под контрола и оти биле уапсени околу 70 лица, а 75 биле превезени во болница, меѓу кои и 6-мина полицајци.
XS
SM
MD
LG