Достапни линкови

Обама со силна подршка за безбедноста на Израел


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека неговата администрација направила многу повеќе од претходните, за подршка на израелската безбедност и оти неговата посветеност на тој план е непроменлива. Тој, на еден еврејски собир во Вашингтон, изрази разочараност од неможноста Израел и палестинците да го обноват мировниот процес. Обама истакна и дека превзел поостри мерки против иранската нуклеарна програма, која е закана и за САД и за Израел, истакнувајки дека нема да му биде дозволено на Техеран да развие нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG