Достапни линкови

Бериша: Албанците не сакаат промена на границите на Балканот


Албанскиот премиер Сали Бериша изјави синоќа дека обединувањето на Албанија со Косово не е опција која се разгледува, истакнувајќи дека интеграцијата во Европската унија, без каква било промена на гранциите, е во најдобар интерес и за двете земји.
Проектот за обединување на Албанците е проект за интеграција во ЕУ и гарантирам дека кога Албанците во Албанија и на Косово ќе ги достигнат стандардите на членките на ЕУ, ќе им биде подобро од кога било во нивната историја. Тоа е проект и ние треба да ја гледаме својата иднина во ЕУ, рече Бериша, одговарајќи на прашање на група студенти од Косово кои ја посетија Тирана.
Осврнувајќи се на ситуацијата на северот на Косово, во Митровица, Бериша рече дека „најдобар национален интерес на Албанците е зачувување на постоечките граници“.
XS
SM
MD
LG