Достапни линкови

Груевски повторно бара средба со Самарас


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска со допис се обрати до лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас, со кој по вторпат иницира заедничка средба.
- „Упатувајќи Ви изрази на Високо почитување, дозволете ми да истакнам дека евроатлантските интеграции на Република Македонија имаат исклучително значење за македонската Влада и за граѓаните на мојата земја. Исто така, за нас од особено значење е доследното почитување на Времената спогодба од 1995 година, како и изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за разликите за името со Вашата држава. Исчекорувањето напред во евроатланските интегративни процеси на една земја од регионот ќе биде од големо значење и за стабилноста, просперитетот и придвижувањето напред и на регионот во целина“, се вели во дописот.
Во дописот премиерот Груевски појаснува дека повод за неговото обраќање до Самарас се шпекулациите кои се појавија изминативе денови во дел од грчките медиуми, според кои, воопшто не постоела покана или обид за средба со него за време на одржувањето на Конгресот на Европската народна партија во Марсеј.
На крајот на дописот, премиерот Груевски уште еднаш нагласува дека одредувањето на местото и времето на средбата му го препушта на Самарас
XS
SM
MD
LG