Достапни линкови

ЕУ е најсигурна опција за Македонија и за Србија


Српскиот претседател Борис Тадиќ во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Српскиот претседател Борис Тадиќ во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Иднината на регионот е во ЕУ, црковните прашања да се остават на црквите и да се зголеми соработката на економски план, се согласија претседателите Иванов и Тадиќ.

Србија, Македонија и целиот регион имаат иднина во ЕУ и тоа е најсигурната опција за нашите граѓани. Ова го порача српскиот претседател Борис Тадиќ по денешната средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Според Тадиќ, македонските политичари и народ не се обесхрабриле што три години по ред земјата нема датум за отпочнување на преговори за разлика од Србија, каде имало разочарување, поради тоа што земјата веднаш не добила кандидатскиот стаутс.
Не сакаме црковните органи да се мешаат во нашите работи, како ни ние во нивните. Што се однесува на доаѓањето на Вранишковски, пред самото мое доаѓање, тоа е негов личен чин и се однесува на правната постапка што се води во Македонија.

„Обесхрабрувањето и откажувањето беа политика на Балканот во последниве години, меѓутоа внатрешните реформи се суштина кон европските интеграции и ние кон тоа треба да стремиме“, вели Тадиќ.

Иванов вели дека евроинтегративниот процес ги обединува сите земји во регионот и Македонија не застанува, туку ќе продолжи со спроведување на реформите и со достигнување на европските принципи и вредности.

„Како држава имаме цел Европа да ​ја создадеме внатре во државата. Тогаш многу полесно ќе одат преговорите и многу полесно ќе и кажеме на Унијата дека сме зрели. Значи иако имаме одлагање и некој мисли дека овие три години се пропшутени. За овие три години се направија реформи, кои ќе треба да ги имаме и кога ќе почнат преговорите“, вели Иванов.
Како држава имаме цел Европа да ​ја создадеме внатре во државата. Тогаш многу полесно ќе одат преговорите и многу полесно ќе и кажеме на Унијата дека сме зрели.

Во однос на црковното прашање, Тадиќ одговори дека тоа не треба да влијае на односите меѓу двете земји и народи.

„Тоа е црковно прашање и се надевам дека тие ќе го решат што поскоро. Не сакаме црковните органи да се мешаат во нашите работи, како ни ние во нивните. Што се однесува на доаѓањето на Вранишковски, пред самото мое доаѓање, тоа е негов личен чин и се однесува на правната постапка што се води во Македонија“, вели Тадиќ.

И Иванов се согласи со ставот на неговиот српски колега.

„Црковните прашања да ги оставиме на црквите, а судските случаи на судовите“, вели Иванов.

Тие истакнаа дека на економски план има напредок во соработката меѓу двете земји. Според статистиката, во изминатиов период има зголемување на извозот и увозот на земјоделски и прехранбени производи меѓу Србија и Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG