Достапни линкови

Десетици повредени во судирите во Каиро


Активисти за човекови права јавија дека најмалку 50 луѓе биле повредени во денешните судири во Каиро меѓу полицијата и антивладините демонстранти. До судирите дојде откако тие запалиле неколку автомобили по што воената полиција пукала во воздух. Веќе три недели демонстранти кампуваат пред владината зграда со цел да го спречат доаѓањето на новиот премиер Камал Ганзури, бидејќи, како што велат, тој бил човек на отстранетиот претседател Хосни Мубарак.
XS
SM
MD
LG