Достапни линкови

logo-print

Банкарскиот сектор во Македонија имун на ударите од еврозоната


Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

Банкарскиот сектор е релативно добро отпорен, ликвидноста е на исклучително високо ниво, а солвентноста е одлична. Ова го констатира Комитетот за финансиска стабилност на денешната втора седница на која беа разгледани најновите движења во банкарскиот сектор и можните влијание од случувањата во еврозоната. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов по седницата изјави дека ликвидноста на банките е на исклучително високо ниво, солвентноста е одлична така што сето тоа дава сигурност дека банкарскиот сектор може да ги издржи ударите и да продолжи со нормалната кредитна активност и при најлоши сценарија во еврозоната.
XS
SM
MD
LG