Достапни линкови

Финансиските проблеми на јавниот сервис се сериозни, но треба да се решат на друг начин, а не на сметка на граѓаните и на приватните телевизии.

Македонската Радио Телевизија ќе добива пари од државата, од граѓаните, од новите реклами и дополнително ќе може да организира и емитува игри на среќа. Ова е дел од владиниот план за да се подобри финансирањето на јавниот сервис. Граѓаните сметаат дека поскапувањето на радиодифизната такса за 60 денари е неправедно затоа што не се задоволни од квалитетот на програмата за која досега плаќаа 130 денари месечно.
Повеќе фактори се во игра не е само претплатата, финаниската страна, тука доаѓа во прашање и уредувачката политика, односно кои се телата и органите кои што се избираат, како и на кој начин се избираат и дали преку нив се остварува или не се оставрува влијание врз јавниот сервис.

„Ех до сега 130 ами сега 190 денари, а едното дете ми е социјален случај, не можеме, не сум за поскапување.“

„Сигурно дека се плус пари, а граѓаните повеќе ги гледаат другите телевизии, МТВ најслабо се гледа.“

„Како програма нема некој квалитет, нема некои добри емисии како другите телевизии, меѓутоа треба да се почитува затоа што е државна телевизија.“

Експертите велат дека финансиските проблеми што ги има јавниот сервис се сериозни, но треба да се решат на друг начин, а не на сметка на граѓаните и другите приватни телевизии со што се создава нелојална конкуренција на медиумскиот пазар. Професор Весна Шопар вели дека не е корекно да се тврди дека со зголемувањето на радиодифузната такса ќе се обезбеди независност на радиодифузниот сервис.

„Повеќе фактори се во игра, не е само претплатата, финаниската страна, тука доаѓа во прашање и уредувачката политика, односно кои се телата и органите кои што се избираат, како и на кој начин се избираат и дали преку нив се остварува или не се оставрува влијание врз јавниот сервис.“
Сигурно дека се плус пари, а граѓаните повеќе ги гледаат другите телевизии, МТВ најслабо се гледа.

Таа додава дека во новите измени меѓу кои и изедначување на МРТ во поглед на дозволеното време за емитување на реклами со другите приватни медиуми се прави монополизирање.

„Ваквото изедначување апсолутно ги пореметува клучно, да речам односите на медиумскиот пазар и негативно може да влијае во секоја смисла. Доаѓаме во ситуација на тотално нелојална конкуренција и ви велам дека ни една европска декларација и резолуција не препорачува такво нешто, напротив.“

Новата цена на таксата, квалитетот на програмата и начинот на кој функционира МРТВ отвори жестока дебата во Собранието. За власта ова е начин да се подобри финаисрањето на телевизијата и да се намали зависноста на јавниот сервис од парите кои ги добива од буџетот. За опозицијата, со овој чекор јавниот сервис ќе прерасне во „грујовизија“. Опозициските пратеници сметаат дека МРТВ и натаму ќе биде само партиско гласило кое ќе го плаќаа граѓаните, а ќе им наштети на другите приватни телевизии кои ќе загубат од маркетиншкиот колач.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG