Достапни линкови

Искуството покажува дека недостасуваат волја и течнички услови за справување со еколошките проблеми во земјата.

Местоположбара на Скопје, метеоролошките услови, неквалитетните енергенси за горење, непланското градење, интензитетот на сообраќајот...Овие фактори, според министерот за животна средина Абдулаќим Адеми, се главните виновници за големата загаденост на воздухот во Скопје. Во неделното интервју за нашето радио, министерот уверува дека ќе бидат преземени мерки за намалување на штетните последици од загадувањето.
Градот Скопје како надлежна институција може да му предложи на МВР да има посебен сообраќај во Скопје, почести инспекциски надзори, повеќе активности на комуналниот инспекторат околу инспекциските надзори околу градилиштата во Скопје.

​„Градот Скопје како надлежна институција може да му предложи на МВР да има посебен сообраќај во Скопје, почести инспекциски надзори, повеќе активности на комуналниот инспекторат околу инспекциските надзори околу градилиштата во Скопје. Меѓутоа долгорочните се: да се гасифицира Скопје, да се користат енергенси со поголем квалитет и инсталирање на филтри на поголемите капацитети во Скопје“, изјави министерот Адеми.

На најавите на надлежните дека успешно ќе се справат со овој проблем, невладиниот сектор приоѓа со голема недоверба. Поранешното искуство покажува дека не само што недостасува Една од причините за големата загаденост е употребата на стари возила во сообраќајот.

Една од причините за големата загаденост е употребата на стари возила во сообраќајот.

волја за справување со еколошките проблеми во земјава, туку недостасуваат технички услови за успешно решавање на тековните проблеми.

„Воопшто државата не е спремна за такви работи, да не збориме што нема волја, туку нема ни техничка подготвеност, ни опременост, ни човечки фактор, и така натаму“,
изјави Петар Бошевски од невладината „Екоскоп“.
Воопшто државата не е спремна за такви работи, да не збориме што нема волја,туку нема ни техничка подготвеност, ни опременост, ни човечки фактор, и така натаму.

Една од причините за големата загаденост е употребата на стари возила во сообраќајот. Од еколошката организација Фронт велат дека решенијата и мерките се подеднакво и кај надлежните и кај граѓаните.

„Погубна беше одлуката да се дозволи увоз на автомобили постари од 10 години. По таа одлука бројот на стари автомобили во Скопје е неколкукратно зголемен. Во Скопје многу нерационално се користат автомобилите“, објаснува Искра Стојковска од Фронт 21/42 и укажува на серија мерки за намалување на користењето автомобили во сообраќајот.

„На прво место е јавниот транспорт, тој треба да биде навистина ефикасен, потоа фаворизирање на велосипеди, пешачки сообраќај, кај нас тротоарите се претворија во зонско паркирање.“

Експертите во оваа област неколкупати досега апелираа крајно внимателно да се постапува со зелените површини во градот, односно да престане трендот на нивното уништување.

И надлежното министерство, а и градот Скопје соопштија дека ќе продолжат да ги следат показателите на аерозагадувањето и оти соодветно ќе реагираат по добиените резултати.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG