Достапни линкови

logo-print

Во САД средба Арифи - Клинтон


Теута Арифи

Теута Арифи

Вицепремиерката задолжена за европски прашања Теута Арифи во рамки на посета на САД се сретна со државниот секретар на САД Хилари Клинтон.
Како што се наведува во соопштението, на средбата биле нагласени добрите односи, а вицепремиерката Арифи ја информирала Клинтон за политичко-безбедносната состојба во земјата и во регионот.
Вицепремиерката Арифи во САД се сретна и со Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД и претседател на Националниот демократски институт на која се разговараше за моменталната безбедносна состојба на регионот и натамошните можности за земјите од Западен Балкан по однос на нивната евроатлантска интеграција.
Вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи во САД престојува на покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави Хилари Клинтон, каде присуствуваше на конференцијата насловена како „Проект за жените во јавна служба“, која се одржа во Стејт Департментот.
XS
SM
MD
LG