Достапни линкови

logo-print

Предизвиците не мотивираат да успееме и истраеме


Диме Спасов -Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ

Диме Спасов -Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ

Ги претставуваме и промовираме интересите на нашата земја на сите форуми на млади десничарки партии на кои учествуваме, пишува за Радио Слободна Европа Диме Спасов - ВМРО ДПМНЕ.

Годинава го прославуваме јубилејот 20 години од основањето на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. 20 години посветеност за Македонија. Во изминативе години покажавме дека умееме да се носиме со предизвите кои се поставуваат пред нас, покажавме дека младите знаат да го дадат својот придонес токму тогаш кога тоа е најпотребно. Тоа го правиме и сега, тоа ќе го правиме и во иднина, зошто секоја генерација си има своја борба.

УМС со сигурност е најголемиот и најдобро организиран политички помладок во Македонија. Тоа е нешто што го докажуваме со секоја наша активност, а ги имавме многу само во последниот месец. Ја одржавме Годишната конференција, овој пат јубилејна 20та, на која присуствуваа над десет илјади наши членови. Една преубава глетка на млади сплотени луѓе во најголемата сала во Македонија. Неодамна потпишавме Меморандуми за соработка и поддршка на здруженијата на слепи и глувонеми.
Во иднина овие здруженија, при организацијата на нивните настани нема да се судираат со тешкотиите кои ги имаа досега, како немањето протокол, редари, издавањето влезници и слично, нешто што за нас не претставува товар туку чест и задоволство што можеме да помогнеме кога е тоа потребно.

Унијата на млади сили, покрај активностите во Македонија, има широка активност и на меѓународен план. Ги претставуваме и промовираме интересите на нашата земја на сите форуми на млади десничарки партии на кои учествуваме. Дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ја водиме во вистински правец се докажа на последниот Конгрес на Младите од Европската народна партија (YEPP) во мај во Берлин, каде со огромно мнозинство бевме примени за нивен рамноправен член. YEPP е најголемата и најмоќна младинска политичка организација во Европа, а со тоа добивме можност за размена на искуства со најдобрите. Досегашното меѓународно искуство ни покажа дека, УМС може рамо до рамо да стои со политичките помладоци од земји кои се многу поголеми од Македонија, како Junge Union од Германија, Fidelitas од Унгарија, Jeunes UMP од Франција, NN.GG од Шпанија, MUF од Шведска, докажуваме дека имаме квалитет и капацитет активно да учествуваме и придонесуваме во работата на овие мегународни организации.

На последниот состанок на Младите од Европската народна партија (YEPP), одржан на 10 декември во Марсеј, на кој и лично присуствував, YEPP усвои Резолуција за признавање на културната различност на Европските држави.
Резолуцијата беше предложена од страна на Унијата на млади сили, а во нејзиното претставувањето пред останатите членки, беше истакнато дека непосреден повод за предлагањето, меѓу другото, беше отфрлувањето на придавката „македонски“ од Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година.

Резолуцијата беше предложена од страна на Унијата на млади сили, а во нејзиното претставувањето пред останатите членки, беше истакнато дека непосреден повод за предлагањето, меѓу другото, беше отфрлувањето на придавката „македонски“ од Извештајот од Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2011 година. Беше истакнато дека со оваа намерна или ненамерна постапка на Европската комисија, беше направен обид за негирање на идентитет на нација, на јазикот на таа нација, нешто што не е во согласност со основните вредности на Европската Унија, чие мото е „Обединети во различностите“. Наша обврска како млади политичари од цела Европа, е да реагираме и да се спротиствиме на ваквите груби прекршувања на европските стандарди и вредности. Тоа и го направивме.

Добивме огромна поддршка и разбирање од нашите колеги од сите земји од Европа. Во името на YEPP, испративме порака до сите институции на ЕУ, како и до сите национални влади, да се посветат на почитување, заштита и промовирање на културната различност, да го осудат секој намерен или ненамерен обид на негирање или непочитување на културниот идентитет на секој народ и да испратат јасна порака дека јазикот е нераскинлив дел од културното наследство на секој народ.

И денес, како и пред 20 години, пред нас стојат сериозни предизвици, предизвици кои ја искушуваат нашата суштина и верба. Но, тие и не мотивираат да истраеме во нашата постојаност и цврстина, во нашата волја, во нашата верба, во самите нас. И денес, нашата генерација има предизвик да истрае и да не потклекне во одбраната на нашиот идентитет. Идентитетoт, кое е нашето природно и човеково право.

Од тоа ние не се откажуваме.

Диме Спасов, Претседател на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG