Достапни линкови

logo-print

Известувачот Ховит повикува на почеток на преговорите Македонија - ЕУ


Британскиот европратеник Ричард Ховит во извештајот што треба да биде разгледан од Европскиот парламент за напредокот на Македонија го повторува барањето на Парламентот до Советот на ЕУ за одредување датум за преговори за пристап во ЕУ без одлагање.
Известувачот изразува загриженост поради впечатокот кој започнува да се развива во земјата дека „надмината“ во процесот на евроинтеграцијата од другите земји од Западен Балкан, што може да биде контрапродуктивно за подобрување на меѓуетничките односи и оти отсуството на редовен напредок во приближувањето кон ЕУ на земјата, претставува ризик за стабилноста и безбедноста на сите земји во регионот.
Околу спорот за името, известувачот потсетува на содржината на пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг. Ховит ја нагласува важноста на зачувување на континуитетот во процесот на проширување и во овој контекст ја поздравува понудата на македонската Влада да се постави рок за успешно решавање на спорот за името најдоцна до крајот на скрининг - процесот.
XS
SM
MD
LG