Достапни линкови

Фајон - има опасност за враќање на визите за Балканот


Механизмот за враќање на визите по итна постапка во вонредни ситуации би можел да биде усвоен во првата половина на наредната година, изјави Тања Фајон, член на Комисијата на Европскиот Парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни прашања.
Според еврпратеничката од Словенија, за предлогот на Европската комисија за суспензија на безвизниот режим на половина година или на подолго време, веќе се дискутира подолго време меѓу Советот, Комисијата и Европскиот парламент.
Според неа, Европскиот парламент бара да има поголема улога во целата процедура кога ќе дојде до ситуација некоја земја-членка да побара суспензија на безвизниот режим, тоа да не се случи преку ноќ и да има механизми кои ќе спречат некоја земја да се послужи со овај механизам како политичко средство.
XS
SM
MD
LG