Достапни линкови

logo-print

Уште еден доживотен затвор за Карлос Шакалот


Францускиот суд го осуди Илич Рамирез Санчез Карлос познат како Шакал на доживотен затвор поради бомбашките напади во Франција во 1982 и 1983 година. Во овие напади загинаа 11, а беа ранети над 140 луѓе.
Карлос Шакалот, некогаш најбаран меѓународен терорист, ја отфрли вмешаноста во овие напади. Тој веке е осуден на доживотен затвор во Франција поради тројно убиство во 1975 година.
За него се смета дека добивал подршка од тогашниот Советски Сојуз и од блиско источни земји за да врши напади во Европа.
XS
SM
MD
LG