Достапни линкови

logo-print

Борис Тадиќ во посета на Македонија


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ја почнува дводневна посета на Македонија за време на која тој ќе разговара со официјални претставници и ќе учествува на стопански форуми на двете земји.Тадиќ денеска во Скопје ќе се сретне со македонскиот колега Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски и со претседателот на парламентот Трајко Вељановски. Тадиќ на првиот ден од посетата исто така ќе учествува и на српско – македонскиот бизнис форум, ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, а предвидено е да го посети и село Кучевиште.
XS
SM
MD
LG