Достапни линкови

logo-print

Американскиот Сенат одобри 662 милијарди долари за одбраната


Американскиот сенат усвои закон за буџетирање на одбраната во вредност од 662 милијарди долари во кој се вклучуваат мерки со кои се суспендира дел од помошта за Пакистан и воведува санкции за иранската централна банка.
Текстот сега треба да го одобри претседателот Барак Обама.
Дел од текстот се однесува на зголемување на американскиот притисок врз Иран за откажување од нуклеарната програма и вклучува санкции против странските финансиски институции кои имаат бизниси со иранската централна банка .
XS
SM
MD
LG