Достапни линкови

Русија достави до ОН нова драфт резолуција за Сирија


Русија достави новa драфт резолуција до останатите 14 земји членки на Советот за Безбедност на ОН, со која се бара преземање акции против сирискиот режим, со цел да прекине крвопролевањето во таа земја. Рускиот амбасадор Витали Чуркин изјави дека со резолуцијата се бара запирање на насилствата, во кои според ОН загинаа над 5000 лица во изминатите девет месеци. Во текстот не се споменуваат санкции. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Вашингтон се надева дека ќе може да соработува со Русија врз драфт резолуцијата.
XS
SM
MD
LG