Достапни линкови

Талибанците тврдат дека добиваат на сила во Авганистан


Меѓународните сили не остварија ниту еден процент успех во Авганистан, соопштија Талибанците, коментирајќи ги тврдењата на американскиот секретар за одбрана Леон Панета, кој изјави дека САД ја добиваат 10-годишната војна во Авганистан.

Портпаролот на Талибанците соопшти дека бунтовниците всушност добиваат на сила.

Панета вчера беше во посета на Авганистан и изјави дека меѓународните сили се движат во вистинска насока и ја добиваат војната во земјата.

До крајот на следната година од Авганистан треба да заминат 33 илјади американски војници, а до 2014, земјата треба да ја напуштат сите војници на НАТО. Меѓународните сили сега се фокусираат на обука на авганистанските безбедносни сили.

Во моментов во Авганистан има 140 илјади војници на меѓународните сили.
XS
SM
MD
LG