Достапни линкови

Бердимухамедов „едногласно“ номиниран за нов претседателски мандат


Архивска фотографија: Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов со неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад во Техеран.

Архивска фотографија: Претседателот на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов со неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад во Техеран.

Актуелниот претседател на Туркменистан Гурбангули Бердимухамедов е номиниран за нов мандат на функцијата од речиси секоја организација во земјата.

Руската новинска агенција ИТАР-ТАСС објави дека единствената регистрирана политичка партија во земјата, Демократската партија на Туркменистан, го номинирала Бердимухамедов како нивен кандидат за претседател. Истото го направиле и „сите граѓански организации – младинските организации, Сојузот на организации на жените и Советот на ветерани од Големата патриотска војна(Втората светска војна)“.

Се очекува Бердимухамедов повторно да биде избран за претседател на изборите во февруари. Засега никој во земјата не најавил дека планира да му се спротивстави.
XS
SM
MD
LG