Достапни линкови

logo-print

Семејството на Ѓинѓиќ обвини двајца српски политичари за атентатот


Убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ.

Мајката и сестрата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ поднесоа кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал против лидерот на партијата Нова Србија Велимир Илиќ и против поранешниот вицепремиер Небојша Човиќ поради сомневање дека се вмешани во атентатот на Ѓинѓиќ во 2003 година, изјави денеска обвинителот за организиран криминал Миљко Радисављевиќ.

Двајцата политичари кои се наведени во пријавата или ги отфрлаат тврдењата или воопшто не сакаат да ги коментираат.

Мила Ѓинѓиќ и Гордана Ѓинѓиќ Филиповиќ во кривичната пријава бараат од Обвинителството да спроведе истрага против Човиќ и Илиќ, тврдејќи дека извршиле кривично дело поттикнување на кривично дело убиство на претставник на највисоките државни органи.

Актуелниот српски вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека времето кое минува од убиството на премиерот Ѓинѓиќ не придонесува за тоа да се стигне до целосна вистина и дека имало време политичката позадина на овој настан да се реши во првата година од атентатот, додека траела вонредната состојба.
XS
SM
MD
LG