Достапни линкови

Дневен печат - Скопје лежи на 10 илјади тони отров


Сите зборуваат за прашината, а линданот од Охис не отру!, објавува Утрински и посочува дека скопјани не дишат само прашина туку и отрови.

Да ја оставиме за малку политиката во прегледов на печатот и да прочитаме во какви еколошки услови живеат граѓаните на Македонија:
Жителите на Скопје, наместо дозволените со Закон 35, 152 дена во годината се изложени на пречекорената граница загаден воздух.
Дневник.

„Скопје лежи на 10 илјади тони отров - надлежните спијат. Сите зборуваат за прашината, а линданот од Охис не отру!“ - е најновата информација што ја објавува Утрински за отровот складиран во Охис, чија вредност во воздухот што го дишат скопјани е од 1700 до 3000 пикограми на кубен метар за разлика од Лазарополе, каде што е помала од 100.
Воздухот во Скопје пред десетина дена - опасен по здравјето.
Воздухот во Скопје пред десетина дена - опасен по здравјето.

Дневник оди уште понатаму, па открива дека не само во главниот град, туку и во другите градови во земјава: Битола, Велес, Тетово, Куманово, Кичево, Кочани, Кавадарци... жителите се задушуваат од индустриска прашина, а, пак, жителите на Скопје, наместо дозволените со Закон 35, 152 дена во годината се изложени на пречекорената граница загаден воздух.
ММФ ни предвидува раст од само 2 отсто за в година.
Утрински весник.

Од престојот на делегацијата на ММФ на земјава, Утрински во наслов ја вади пораката дека „ММФ ни предвидува раст од само 2 отсто за в година“ и дека на завршната прес-конференција монетарците препорачале Владата да штеди и да ги намали надворешните задолжувања. И Дневник оди со наслов: „ММФ порачува Владата да го стегне ременот“.

Вечер, пак, насловува дека мисијата на монетарците била задоволна од кондицијата на македонската економија, но во текстот сепак ја спомнува препораката државата повеќе да се задолжува дома отколку во странство.

„Лустраторите пронајдоа уште четворица кодоши“ обајвува Дневник и без да објавува имиња пишува дека меѓу наводните соработници се и двајца поранешни министри во влада на СДСМ, едниот за полиција, вториот за култура.

Професор Љубомир Фрчкоски самиот си се појави во јавноста и во интервјуто за Утрински вели дека е направен специјален закон за тој да би посрамотен. Власта порачува дека во државава не постои правен систем, го објавува весникот ставот на Фрчкоски.

А Дневник го пренесува ставот на Здружението на новинари: клеветата да се декриминализира и посебен закон за медиумите не е потребен, а Владата да не глуми дијалог со новинарите. Чекајќи ја одлуката на Владата за овие барања, се чини, јавниот обвинител Љупчо Шврговски го изнесе владиниот став: „Рано е за декриминализација на клеветата“, објавува Утрински.

Дневниот Фокус насловува дека македонистиката, по реакциите во јавноста, сепак, ќе преживее: Министерството за образование се попишманило и најавило дополнителни средства за катедрата по македонски јазик и книжевност на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG