Достапни линкови

Или изгласување на мерките за штедење или паѓа италијанската влада


Италијанскиот премиер Марио Монти.

Италијанскиот премиер Марио Монти.

Италијанската влада во петок ќе повика на гласање доверба во парламентот за пакетот мерки за штедење, со цел да се врати довербата во пазарот и во способноста на земјата да си ги плаќа долговите. Ако мерките бидат изгласани во Долниот дом в петок, гласањето во Горниот дом на Парламентот веројатно ќе биде наредната недела.

Владата повика на гласање доверба за да го забрза донесувањето на мерките, зашто во ваков случај, или предлогот ќе биде изгласан таков каков што е или владата ќе се распушти.

Италијанскиот премиер Марио Монти рече дека планот, преку кој со кратење трошоци и зголемување даноци, треба да се заштедат 24 милијарди евра е план за „спас на Италија“.

Новата италијанска влада на чело со Монти беше назначена минатиот месец по повлекувањето на поранешниот премиер Силвио Берлускони. Тој се повлече откако почна да се зголемува загриженоста дека третата по големина економија во еврозоната ќе може да си ги врати долговите.
XS
SM
MD
LG