Достапни линкови

Русија ќе даде 10 милијарди долари за еврозоната


Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, рускиот претседател Дмитриј Медведев и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Брисел.

Претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј, рускиот претседател Дмитриј Медведев и претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во Брисел.

Рускиот претседател Дмитриј Медведев најави дека Москва ќе даде повеќе од 10 милијарди долари за спас на еврозоната преку ММФ. Тој изјави дека очекува еврозоната да излезе од должничката криза.

На самитот ЕУ-Русија во Брисел, Медведев разговараше со претседателот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тема на разговорите била трговијата, инвестициите и прашања поврзани со визите.

ЕУ е најголем трговски партнер на Русија. Трговската размена од јануари до септември годинава била 286 милијарди долари. ЕУ е и најголем потрошувач на руски гас.
XS
SM
MD
LG