Достапни линкови

logo-print

130 Индијци умреле од труење со отровен алкохол


Бројката на луѓе што умреле од пиење отровен алкохол во Индија се зголеми на 130. Десетици други луѓе се во болница, откако пиеле домашно произведен алкохол во Калкута. Најголем дел од затруените се наемни работници, улични продавачи и други сиромашни работници што не можат да си дозволат да купат скап брендиран алкохол. Полицијата соопшти дека уапсила четворица осомничени за производство и дистрибуција на алкохолот. Ефтините домашни алкохолни пијалоци што се продаваат во Индија често содржат големи количества метанол, што може да предизвика смрт или сериозни здравствени проблеми. Во 2010 година, од труење со сомнителен алкохол умреле повеќе од 1200 луѓе.
XS
SM
MD
LG