Достапни линкови

logo-print

Уапсени 7 луѓе што сакале да продадат радиоактивен материјал во Словачка


Ураниумова руда.

Ураниумова руда.

Словачката полиција соопшти дека уапсила седум луѓе осомничени дека планирале да продадат непознат радиоактивен материјал. Шефот на полицијата Јарослав Списиак изјави дека материјалот потекнува од земја од поранешниот Советски Сојуз и вреди околу 650 илјади долари. Сепак, радиоактвиниот материјал се уште не бил донесен во Словачка.

Шестмина од осомничените се словачки, а еден е чешки државјанин. Чешката и словачката полиција, во заедничка акција, ја следеле групата од 2009 година. Не се соопштуваат други детали.

Полицијата во Словачка во 2007 година уапси тројца луѓе што се обидувале да продадат ураниум за еден милион долари.
XS
SM
MD
LG