Достапни линкови

logo-print

Ако стане претседател, Прохоров ќе го ослободи Ходорковски


Рускиот милијардер Михаил Прохоров.

Рускиот милијардер Михаил Прохоров.

Рускиот милијардер Михаил Прохоров, кој планира да му се спротивстави на премиерот Владимир Путин на претседателските избори што ќе се одржат в март, изјави дека доколку стане претседател на Русија, прво што ќе направи е да го амнестира затворениот тајкун Михаил Ходорковски.

Се проценува дека Прохоров поседува околу 18 милијарди долари.

Ходорковски, кој беше најбогат човек во Русија, е во затвор од 2003 година поради затајување данок и измама. На неговото затворање се гледа како на казна зашто му се спротивстави на тогашниот претседател Путин.

Дел од аналитичарите сметаат дека Прохоров одлучил да се кандидира за претседател за да го искористи јавното незадоволство од изборните резултати.
XS
SM
MD
LG