Достапни линкови

Теута Арифи во посета на САД


Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката Теута Арифи.

Вицепремиерката задолженa за европски прашања Теута Арифи од денеска ќе престојува во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави. Како што се наведува во соопштението, вицепремиерката Арифи, на покана на државнaтa секретарка на САД Хилари Клинтон, ќе учествува на конференцијата насловена како „Проект за жените во јавна служба“.

За време на посетата, се очекува таа да оствари средби со помошникот државен секретар Филип Гордон, со заменикот помошник државен секретар Филип Рикер, како и со заменикот постојан претставник на САД при Обединетите нации, Розмари ди Карло.
XS
SM
MD
LG