Достапни линкови

Полн буџет, празни џебови


Осумнаесет месеци наместо пет години пред исполнувањето на услови за старосна пензија ќе можат да примаат надомест од државата луѓето кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок.

Државата не води сметка за работниците и невработените, коментираат познавачите, по предлогот на надлежните за менување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и по одлуката за кратење на помошта за лицата кои навреме не се пријавиле.
Нигде во светот нема, значи во ниедна држава нема, да оној работник којшто одвоил од својата плата да плати придонес во агенција за вработување за 5 години сега вие да му дадете 18 месеци.
Драге Јовановски, синдикален правник.

Правникот Драге Јовановски вели дека со ваквите потези, власта првенствено остава впечаток дека не води грижа за вработените:

„Втора работа, очигледно е дека немаат пари во Буџетот, иако кажуваат дека буџетот бил преполн со пари и трета работа, директно ги кратат правата на работниците. Нигде во светот нема, значи во ниедна држава нема, да оној работник којшто одвоил од својата плата да плати придонес во агенција за вработување за 5 години сега вие да му дадете 18 месеци.“

Осумнаесет месеци наместо пет години пред исполнувањето на услови за старосна пензија ќе можат да примаат надомест од државата лицата кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок, предлага Министерството за труд и социјална политика. Останува да се види дали пазарот на трудот дополнително ќе се оптовари со работници кои немаат никаков приход по истекувањето на правото за надомест? Јовановски дополнува:
Владата во ниту еден случај не смее од работници да прави уличари. Прашање е што ќе прави владата со тие средстава што остануваат, што се планирало за 5 години, а сега ги кратат за 18 месеци. Каде ќе одат тие пари, да не им требаат за уште некој споменик? Што е проблемот?
Лилјана Георгиевска, претседателката на здружението на стечајци „Унит“.

„Ако може да се вработи на друго место, меѓутоа знаете дека во таа категорија на 50 години вработување веројатно нема да доживее ама баш никој!“

Како ќе се снаоѓаат невработените кои не ги поднеле потребите документи за да се регистрираат како приматели на социјална помош? Претседателката на здружението на стечајни работници од Куманово „Унит“, Лилјана Георгиевска вели дека стечајците остро ги осудуваат кратењата на социјалните трошоци од народната каса:

„Владата во ниту еден случај не смее од работници да прави уличари. Прашање е што ќе прави владата со тие средстава што остануваат, што се планирало за 5 години, а сега ги кратат за 18 месеци. Каде ќе одат тие пари, да не им требаат за уште некој споменик? Што е проблемот?“

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во одбрана на последната законска измена, објасни дека целта е да се избегнат сите фиктивни прогласувања на технолошки вишок и тоа право да почнат да го користат лицата на кои им е најпотребно.

Шефот на делегацијата на Меѓународниот монетарен фонд Вес Мекгру, пак, порача заштита на расходите за социјалните програми.

„Има расходи кои се поврзани со исполнување на обврските за исплата на плати и пензии. Посебно е важно да се заштитат програмите за социјална помош во период кога растот можеби би бил побавен“, рече Мекгру.

Медиумите пренесуваат проценки дека една петина од вработените во Македонија се со нерегулиран стаж.
XS
SM
MD
LG