Достапни линкови

Самит ЕУ- Русија



Рускиот претседател Дмитриј Медведев денеска во Брисел разговара со лидерите на Европската Унија, претседателот Херман Ван Ромпуј, претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо, шефицата за надворешни работи Кетрин Ештон и комесарот за енергетика Гинтер Отингер. Медведев синоќа имаше работна вечера со Ромпуј и Баросо. Главни теми на самитот ЕУ – Русија се економската и енергетска соработка, можноста од укинување на визите за руските граѓани, како и кризата во евро-зоната. Европските лидери ќе го покренат прашањето и за демократијата во Русија, особено по последните парламентарни избори, за кои има обвинувања дека биле наместени.
XS
SM
MD
LG