Достапни линкови

Временска прогноза-сончево со умерена облачност


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне почнувајќи од западните делови на земјава ќе настапи зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од девет до 15 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
XS
SM
MD
LG