Достапни линкови

Јадранската група поддржува влез на Македонија во НАТО


Mинистерот за надворешни работи Никола Поповски.

Mинистерот за надворешни работи Никола Поповски.

Реформите кои Македонија ги имплементираше за време на Акцискиот план за членство, како и македонската посветеност на операциите на НАТО, јасно покажува дека македонското членство во Алијансата е повеќе од заслужено. Ја нотираме одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг и ја потврдуваме нашата поддршка за полноправно членство на Македонија во НАТО.

Ова се вели во заедничката Декларација што ја усвоија земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД - таканаречената Јадранска повелба, по состанокот кој се одржа денеска во Тирана, а на кој учествуваше и министерот за надворешни работи Никола Поповски.
XS
SM
MD
LG